4.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Како го преживеав притворот: Потресна исповед на Лидија Лазова од случајот “Калдрма”

Во емисијата на 24 Вести, каде тема на разговор беа условите во затворите, една од гостите беше и Лидија Лазова, една од обвинетите во случајот “Калдрма”, случајот со патарините каде беа приведени и притворени скоро 100 луѓе, обвинети за економски криминал и злоупотреба на службената положба.

”Бев однесена во затворот во Битола. Ме сместија во ќелија со димензии 3 на 2, во која немаше греење, а надвор температурата на воздухот беше минус 27!

Ги молев стражарите да ми дадат шише со топла вода, за да можам да се стоплам. Само една стражарска смена ги услишуваше моите молби.

Во затворот јас бев единствена жена, немаше ниту вработена жена стражар. Можете да замислите како беше на туширање, кое беше дозволено еднаш неделно. Неможев ни косата да ја измијам, бидејќи веднаш снемуваше топла вода.

Јас бев обвинета за економски криминал, но само обвинета, не и осудена. Во ќелијата кај што бев јас не би посакала ниту куче да престојува, а камоли човек, па дури и обвинет за убиство. Тоа е пеколот на земјата!

После 3 месеци престој во овое услови, еден ден се онесвестив во тоалетот, паднав и го скршив колкот…”

Ова е само дел од потресната исповед која ја раскажа Андева, која предизвика солзи кај присутните.

Целото интервју погледнете го на 24 Вести

поврзани објави

Последни објави