6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Самка Ибраимоски разочаран од власта и од премиерот – ќе размисли како ќе делува понатаму во Собранието

Пратеникот Самка Ибраимоски и министерот без ресор Аксел Ахмедоски се разочарани од Владата на Македонија зашто, како што велат, денеска никој не нашол за сходно да дојде на одбележувањето на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна.

„Не само од претставниците на Владата, туку сум разочаран и од моите колеги пратеници. Ова значи дека и при вакви настани има дискриминација. Почитувани претставници на Владата и колеги пратеници, сакаме да градиме едно општество за сите, а не го спроведуваме тоа. Ромите се дел од оваа држава и се граѓани на оваа држава. Ќе размислам како понатаму ќе делуваме јас и мојата заедница и како ќе се однесуваме кон нашите сограѓани од другите заедници“, се наведува во реакцијата на Ибраимовски.

По повод Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна, денеска во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје се одржа комеморација.

Комеморацијата во знак на сеќавање на жртвите од овој геноцид ја организираа министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедоски и здружението на граѓани „Ромаверзитас“.

Сеќавањето за геноцидот врз Ромите од Втора светска војна беше претставено низ изложба на фотографии и со читање поезија.

поврзани објави

Последни објави