3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Општина Аеродром дава пари за основци – родителите да се пријават

Околу 360 родители кои имаат дете првоодделенец поднеле барање за еднократна парична помош во висина од 3.500 денари што ја доделува општина Аеродром.

Од општина Аеродром информираат дека првпат годинава доделуваат по 3.500 денари за секое прваче и оти за оваа цел имаат издвоено околу три милиони денари од сопствениот Буџет.

Родителите информациите во врска со поднесувањето на барањето за еднократната парична помош можат да ги најдат на интернет-страницата на општина Аеродром, на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Од таму може да се симне и формуларот или да се подигне во Одделението за образование во општина Аеродром, на вториот кат. Барањата можат да се поднесуваат до 31 август, годинава.

– Уплатата на средствата е планирано да почне при крајот на месецот, односно по 20 август, така што родителите ќе ги имаат на располагање средствата на самиот старт на учебната година, соопшти општина Аеродром.

Граѓаните за овој проект беа информирани уште пред неколку месеци, преку медиумите и училиштата. Во општина Аеродром годинава има 816 првоодделенци.

поврзани објави

Последни објави