3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

„The New York Times“: Според ВМРО-ДПМНЕ, државата не може да влезе во ЕУ и НАТО со криминал и корупција

„Целосно разорачувачка“ е борбата против корупција во Македонија, велат од Групата на земји против корупцијата (ГРЕКО) при Советот на Европа, и ги повикуваат македонските власти да преземат активности, пишува влијателниот американски весник „The New York Times“

„Без видлив напредок“ по препораките дадени уште пред четири години за спречување на корупција кај пратениците, судиите и обвинителите, се вели во Извештајот на ГРЕКО, излезен во четвртокот.

Според ГРЕКО, само 6 од 19 препораки за борба против корупцијата се имплементирани задоволително. Препораките кои се однесуваат за спречување на корупцијата кај извршната власт, не се применети воопшто. Извештајот нотира минимален напредок кај борбата против корупцијата во судството.

ГРЕКО забележува дека се креирани нови советодавни и супервизорски тела за судиите и обвинителите. Сепак придобивките од овие тела повторно ќе се евалуираат, откако ќе се добијат повеќе информации за нивната работа.

Во извештајот се заклучува дека сегашното многу ниско ниво на усогласеност со препораките е “глобално незадоволително” за Македонија.

-Македонската главна опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во петокот остро ја критикуваше левичарската влада како одговор на извештајот. Таа рече дека премиерот Зоран Заев треба да знае дека земјата “нема да влезе во НАТО и во ЕУ”, освен ако не се справува со криминалот и корупцијата, пишува „The New York Times“.

Откако Македонија потпиша договор со Грција за решавање на деценискиот спор за името на Македонија, Европската унија посочи дека Скопје може да го започне процесот на пристапување, но ги повика властите да постигнат резултати во реформите, особено во борбата против корупцијата.

поврзани објави

Последни објави