ТВ Водителката Ирена Спировска е голем љубител на природата, искачувањето на врвови, планинарењето, пешачењето… односно таа е жена чиј дух е неуморен за здрав и спортски начин на живот.
И додека повеќето девојки и жени преферираат да одмораат во хотели каде ќе им биде сервирано јадењето и пиењето, Ирена е спротивна од тоа.
Имено, поретки се припадничките на понежниот пол кои посакува да поминат неколку дена од летувањето во камп, бидејќи кампот си бара повеќе работа, но и си има посебна убавина.
Спировска е меѓу оние кои ова лето се одлучија за една ваква авантура на плажа, а на својот Инстаграм објави фотографија во својот шатор.
Ако сте доволно авантуристи, вреди да го пробате ова едноставно, но посебно летување како кампер.
Извор: Вистина