6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Напаѓачот од Париз испорачан на властите

Мохамед Абрини е испорачан на властите.

Белгија го испорача „човекот со шапка“, Мухамед Абрини, осомничениот за бомбашкиот напад во Франција. Тој се соочува со обвиненија за поврзаноста со смртоносните терористички напади во Париз, кои се случија во 2015-та година.

Абрини бил предаден на Франција со обвинение за координирање на вооружени и бомбашки напади, каде загинаа 130 лица, а стотици други биле повредени на 13-ти ноември, 2015-та година.

Два дена пред нападот во главниот град на Франција, безбедносните камери го снимиле Абрини на бензиска станица на автопат во Париз, заедно со Салах Абдеслам, кој се верува дека е единствениот директен учесник кој ги преживеал нападите во Париз.

поврзани објави

Последни објави