Жител на село Житоже со иницијали С.Х. во текот на изминатата ноќ останал без 20.000 бали сено кои изгореле во пожар кој избил во плевната на веќе спомнатото лице.
До пожарот дошло околу 02.00 часот во с.Подвис, крушевско, Во пожарот изгореле околу 20.000 бали сено, а иако прекасно, бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита од општина Кривогаштани.
Увид е извршен во текот на денот, а причините за настанување на пожарот и висината на материјалната штета ќе бидат дополнително утврдени.