7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Црногорка бара момче да и глуми дечко на свадбата на сестра и (ФОТО)

Притисокот на семејството, роднините и пријателите девојка да најде момче некогаш станува неподнослив на големи настани. Со оглед дека немала партнер кој на присутните ќе им го „донесе на увид“ на свадбата на нејзината сестра во Белград, една Црногорка побарала помош на Твитер.

Во невообичаениот оглас на Твитер девојката бара придружник за свадба која ќе биде одржана во Белград кон крајот на август.


-Би изнајмила симпатично момче за сабота, 25 август, 17 часот, Белград, да глуми дека ми е дечко на свадбата на сестра ми, зошто кој ќе ги слуша роднините. Заинтересирани ДМ, се наведува на Твитер.

Корисниците на популарната социјална мрежа воодушевено почнале да го коментираат огласот, а заинтересираните се распрашуваа за „дополнителни услови“ и способности на кандидатите.

поврзани објави

Последни објави