Овен
Октомври е поволен период бидејќи вие тоа го заслужувате. Една , а можеби и повеќе работни можности, овој месец ќе ви тропнат на вратата.
Немојте да се воздржувате да покажете се што можете. Ќе имате доволно енергија да завршите се што ќе започнете.
Ваква можност кај вас ќе потрае подолг период па може да здивнете бидејќи конечно ќе биде сведок дека вложениот труд и тоа како се исплати без оглед на стресот кој го доживувавте во претходниот период.
Девица
Исклучително добри месеци за комуникација со луѓето. Бидете доволно колегијални бидејќи и на вас ќе ви биде потребна поддршка.
Ќе имате можност да почнете некоја работа која ќе ви донесе голем профит но не се исклучува ниту можноста да не станува збор само за еден проект.
Немојте да се откажувате од ниту проект бидејќи ќе имате исклучително поволни услови кои лесно ќе ги искористите и ќе ви донесат профит.
Со луѓето со кои ќе бидете во комуникација бидете искрени и лесно ќе имате позитивна работна атмосфера која ќе ви донесе голема заработувачка.
Стрелец
Сонцето во вашето поле на финансии ја засилува вашата финансиска добивка за последните месеци од годината.
На почетокот на ноември ќе имате доволно предизвици кои ќе бидат продолжение од крајот на октомври. Новите професионални можности и овој пат ќе ги прифатите бидејќи ќе ви биде зголемена желбата за стекнување на материјални добра.
Можно е дека ќе имате дополнителни хонорари ангажмани па ете уште една причина да биде доволно дарежливи кон членовите на вашето семејство.