14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Во центарот на Скопје физички нападнати двајца малолетници од поголема група

Во текот на вчерашниот ден, во доцните часови од поголема група (се претпоставува дека биле над 10 луѓе) во центарот на Скопје биле нападнати два малолетници.

Нападнатите, (на петнаесет и шеснаесет годишна возраст) од Скопје пријавиле во 22.00 часот во ПС ОН Центар дека истиот ден околу 19.25 часот на паркинг простор на бул.„К.Ј-Питу“ без повод и причина биле физички нападнати од група од околу 10 непознати малолетни лица.

МВР информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави