Освен потпишување на договори ние имаме проблем со правосудството во Република Македонија. Тој проблем го избегнуваат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Заборавивме дека имаме домашна задача за решавање. Влегувањето во НАТО значи стабилност, гарантирање на границите на државата, значи да учествуваш во воен сојуз каде што најголемите политички играчи се седнати на една маса, вели претседателот на ГДУ Петар Колев во своето гостување на телевизија „Стар“.
Ние ретко размислуваме што значи нереформираниот правосудски систем и каков однос има тој кон безбедноста на граѓаните и каков однос има кон етничката стабилност на Република Македонија.
Ако ги погледнеме обвиненијата на СЈО, јас не можам да кажам дека СЈО е без пристрасно, не може од владата на Никола Груевски само претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да добијат обвиненија.
Некако многу касно, после година ипол добивме од СЈО испорачано обвинение за Бујар Османи, вели Колев.
П. Колев во емисијата „Анализи и коментари“ на ТВ Стар
Политичарите 27 години бегаат од евроинтеграциите и реформите во правосудниот систем создавајќи други проблеми за замајување на јавноста.
Posted by Petar Kolev on Sunday, October 14, 2018