7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Изум на годината: нема да ве боли главата, напротив – ќе ви го топли носот

На некои луѓе носевите секогаш им се ладни кога надвор температурите се ниски. Можете да го покриете носот со шал, за да спречите директно излегување на ладно, или можете да инвестирате во новиот фантастичен изум – гречајот за нос.

Замислете само на носот да му ставите мала капа додека вашите очи се непокриени и можете и натаму да уживате во ладното време без да се плашите дека носот ќе ви замрзне.

Го направи компанија за грејачи за нос, кои варираат од неквалитетни до крзнени, до оние со грбот на вашиот омилен фудбалски клуб. Можете да си набавите себеси еден кој е од животински дезен или е шарен.

Во Британија цената за овие грејачи е од 8 евра па повеќе што е мала цена за она што некогаш не можете да го платите за ладен и замрзнат нос. Сигурно ќе изгледате малку чудно, но кога носот ви е пријатно топол, нема да ви биде важно што ќе ве гледаат како Рудолф и што се издвојувате од останатите.

поврзани објави

Последни објави