20.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Постигнат е договор – затвореници од Шутка ќе ставаат ред во Зоолошката градина

Околу 20 затвореници од затворот “Шутка”, осудени за полесни кривични дела, ќе волонтираат во скопската Зоолошка. Нивна работа ќе биде да ја чистат, да фарбаат ограда ако треба, да помагаат при поправање на живеалиштата на животните.

За оваа соработка помеѓу КПУ”Шутка” и ЗОО Скопје, директорите потпишаа и меморандум за соработка. Идејата за вклучување на затворениците во општо корисна работа во Зоолошката е на директорот на затворот.

Уште веднаш на ресоцијализација и едукација е донесена првата група затвореници, некои од нив и првпат биле во Зоолошката.

– Проектот започна со ресоцијализација и едуцирање на осудени лица за полесни кривични дела, а понатаму ќе продолжи со волонтирање како и донации од КПУ “Шутка”. Зоолошка градина Скопје е отворена за соработка со сите државни установи и институции, велат од зоолошката.

Освен што понуди волонтери, затворот “Шутка” ќе донира и храна за животните, која им останува, на пример како лебот.

поврзани објави

Последни објави