5.8 C
Skopje
среда, октомври 29, 2025
spot_img

Бачев: Власта им понуди на пратениците избор меѓу два милиони евра и затвор

spot_img

Синоќа во Собранието при гласањето за одлуката за пристапување кон измена на Уставот се случи едно од најподмолните предавства во поновата македонска историја, реагираат од Единствена Македонија на Јанко Бачев.

„Mакедонски платеници и изроди како избрани пратеници не издржаа. И не за било што, туку за тргување со највисоките национални и државни интереси. На Зоран Заев устата му е полна со евроатлански интеграции, Европа на владеење на правото, Европа на почитување на правната држава.

Каква е таа Европа во која се даваат по 2 милиони евра на пратеник за гласање за предавство спрема својата Татковина или одење во затвор ако не се гласа по нарачка на власта.

Каква е таа Европа во која платеници – терористи се пуштаат од притвор да гласаат, нели власта на Заев се до вчера ги нарекуваше терористи тројцата пратеници кои синоќа не издржаа и гласаа против македонскиот народ и македонската држава“, соопштија од партијата.

поврзани објави

         

Последни објави