После рекордната измереност на загаден воздух синоќа во Општина Карпош, од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија излегоа со соопштение во кое стои дека ВМРО-ДПМНЕ не превзмаат ништо за отровното загадување на воздухот кое е штетно по животот на граѓаните, а воедно најавија дека новата Влада ќе се погрижи сите одговорни за ова снесуваат одговорност.
„Недозволиво е криминалните власти во заминување да не преземат ништо за отровното загадување на воздухот, кое што во Скопје се искачи 25 пати над дозволеното!
Предупредуваме дека за евентуалните несакани последици врз здравјето граѓаните ќе следува сериозна одговорност!
Не се од никаква помош лажните вести со кои централната власт во заминување се обидува да се амнестира од одговорност за тоа што не презеде системски мерки за намалување на загадувањето во земјава.
Несовесните власти исекоа најголем дел од парковите, за криминални тендери подигнаа непотребни згради каде стигнаа со што ја нарушија циркулацијата на воздухот. Не реагирааа навреме со краткорочни мерки, како на пример бесплатен автобуски превоз во деновите со енормно загадување на воздухот. Ја окупираа Топлификација (БЕГ) за фамилијарни цели и плафонски ги качија сметките за парно, поради што ги принудија сиромашните граѓани да се откажат од парното и да се греат со што ќе стигнат. Не спроведоа гасификација. Не им помогнаа на фирмите да спроведат современи еколошки системи.
Труењето што им се случува од вчера на скопјани е еднакво на геноцид. Со големо загадување со месеци се соочуваат голем број градови во Македонија.
Да беше Македонија земја членка на ЕУ, неодговорната власт во заминување, до сега ќе беше тужена од Европската комисија за убиство од небрежност на своите граѓани.
Затоа, итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Македониија којашто ќе го заштити здравјето на граѓаните“ стои во соопштението на СДСМ.