6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Утрински виц: Новата секретарка на Трпе

Си дошол Трпе од работа целиот насмеан и среќен. Оди во кујната кај Трпана и почнува да и раскажува: – Леле Трпано, што ми донесоа нова секретарка…

Мораш да ја видиш. Носи сукњичка малку пократка од твојата, ама тоа малку – толку многу да ти значело, не можам да ти претставам! Немаш појма!

Трпана го погледнала и му рекла:

– Еј, Трпе дај молим те не ме замарај.

Следниот ден се враќа Трпе пак од работа и уште од врата ја продолжува вчерашната приказна:

– Еј Трпано, а да ја видеше денес новата секретарка…Црна маица, припиена до телото, а деколте … уф какво деколте! Малку подлабоко од твоето, ама тоа малку – толку многу значи!

Трпана веќе и е преку глава од секој ден истата приказна, па третиот ден го чекала Трпе на врата кога се вратил од работа и пред да почне да зборува за секретарката, Трпана му рекла:

– Еј Трпе, него соседов Перо го знаеш… епа неговиот к*р е малку поголем од твојот, ама тоа „малку“ – толку многу значи…

поврзани објави

Последни објави