Најскапиот воз на светот е јапонски и се вика Train Suite Shiki-shima. Од видеото што следи ќе можете да видите каков луксуз предлага овој воз од соништата. Нормално патување со него чини точно 2865 долари, додека за подолгите релации, каде што патувањето трае по 2-3 дена цената стигнува и до 8500 долари.
Бројот на патниците е ограничен и во него можат да се возат само 34 луѓе.
„Шики шима“ е новиот воз кој неодамна го пуштија во употреба Јапонците.
Тој е во функција од 1 април, а неговото име во превод значи „Остров на четири годишни врeмиња“.
Тој се движи со брзина од 110 км на час. Овој воз има 10 вагони, капацитет за 34 патници и располага со 17 апартмани. Неговата брзина за Јапонија е мала, но за други земји е вообичаена.