11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Командант Соколи од Диво Насеље испрати порака: Сега или за 100 години ќе мораат да платат

И покрај тоа што користењето мобилни телефони во затворите е строго забрането речиси секојдневно пристигнуваат соопштенија е текстови до кумановската група која учествуваше во борбите кај Диво насеље, информира Канал 5 телевизија.

Последен во низата како што информира телевизијата Канал5 е таканаречениот командат Соколи. Тој се заканува дека сега или за 100 години, тие што ги тепали и убиле нивните другари ќе морале да платат.

Активен на Фејсбук од затвор беше и командат Малишева кој му порача на Христијан Мицкоски дека не се кукавици и дека со пушки ВМРО-ДПМНЕ било симнато од власт.

Мухамед Красниќи познат под прекарот Командант Малишева на својот Фејсбук профил објави статус каде вели дека неговиот Фејсбук статус во изминатите денови бил хакиран, но и упати пораки до Мицкоски со контроверзна содржина.

Драги пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски не нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор не ние. Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор.

Ние сме херои а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние му служиме на правдата. А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите, стои во неговиот Фејсбук статус, информира порталот Курир.

поврзани објави

Последни објави