5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ахмети и Заев остварија средба: Исходот од неа: Консензуален кандидат за Претседател на државата

Владејачките политички партии СДСМ и ДУИ вечерва донеле одлука за настап со заеднички односно консензуален кандидат за претседателските избори, информираше претседателот на ДУИ Али Ахмети по средбата со премиерот Заев.

Во однос на тоа за кој кандидат или кандидати станува збор, Ахмети не откри имиња, но истакна дека станува збор за едно од имињата кои се вртат низ медиумите. Во наредните денови ќе има состаноци за да се одлучиме за еден од нив, ќе имаме состаноци и со другите политички партии и за они да се здружат со оваа добра иницијатива, рече Ахмети

Кандидатот на СДСМ ќе биде откриен на 3 март во недела на партиски конгрес. Како евентуални кандидати се спомнуваат имињата на Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски.

Ахмети рече дека не разговарале за коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, откако претходно потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири рече дека е можна Влада и без ДУИ.

поврзани објави

Последни објави