Претседателот на Русија, Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, денес повикаа на итна обнова на примирјата во источна Украина.
Како што пренесуваат медиумите, Меркел преку телефонски разговор побарала од Путин, проруските воени снаги во источна Украина да го запрат насилството во тој дел на земјата, изјави портпаролот на германската влада.
„Германската канцеларка и рускиот претстедател се согласија дека мораат да остварат нови напори со цел да се запре огнот и побараа од министерите за надворешни работи и своите советници да останат во контакт“ изјави Штефан Цајберт.
Двата лидери изразиле надеж дека судирите во источна Украина наскоро ќе завршат.
„Изразена е вистинска загриженост во врска со ескалација на вооружениот конфликт, кој доведе до човечки жртви“, стои во соопштението на Кремљ.