Интересно видео кружи на социјалните мрежи, во кое што екс премиерот на Република Македонија Љубчо Георгиевски зборува за идентитетското прашање на македонците.
Идентитетското прашање е прашање на малцинско прашање. Такво прашање може да дискутираат курдите во Турција, во ниту една друга самостојна и независна држава никој не бара некој друг да им го признае идентитетот. Кажете ми една држава која бара некој да и признае идентитет, ние си живееме во некои сопствени фрустрации, вели Георгиевски.
Притоа тој додава дека идентитетот е музиката на која се радуваш и песните кои ги пееш. Јас сите тие загрижени македонци кога ќе направат свадба и 100 % од музиката им е српска, им текнува ли тогаш на македонскиот идентитет, кога целата свадба ќе им е со српска музика? Тогаш треба да размислуваат за македонскиот идентитет, додава Георгиевски.