5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

„Мене не ме родила жена, мене ме родила кралица“

Автор на текстот: Сања Димитрова

Родител – еден пријател, еден добар човек и пред сè еден голем борец.

Борец – една жена која сака со сето свое срце, која работи и создава.

Денес ќе пишувам за жената која наоѓа време во доцните часови да се скрие под мекото ќебе и да си ги исплаче сите маки без другите да ја видат, ќе зборувам за жената која на плеќи ги носи сите наши разочарувања и порази, ќе зборувам за мајката која секој ден поминува покрај проблемите, но со сета сила се обидува да ги истурка и да стигне до среќата.

…Жената која девет месеци ме носела во стомак и трпела болки поради мене. За жената поради која сега седам и го пишувам ова.

Секој ден поминат со неа и секој нов разговор ме прават да гледам од друга гледна точка на животот. Ме тера да размислувам како една жена се бори и придонесува во животот. Ме тера да размислувам како еден ден јас ќе треба да се справувам со тоа. Но верувајте ми, гледајќи ја мајка ми како секој ден се бори со новите потешкотии, ме претвораат во подобар и посилен човек. Ме прават секогаш да гледам на позитивната страна од животот. Да учам и научам дека еден ден ќе треба сама да придонесувам за моето семејство и сама да се справувам со бурите кои ги носи животот.

Со текот на годините и растејќи, разбрав колку во животот ни треба женската и мајчината помош. Разбрав колку вреди една трошка поддршка во животот, и што е најважно, сфатив дека не секое дете ја има таа среќа да има безгрижно детство, знаејќи дека до него стои жена карпа, која самата себе би се сронила за да ги заштити нејзините најблиски.

Му благодарам на Бог што ја имам таа чест покрај мене да стои една таква жена. Гледајќи ја неа секојдневно и размислувајќи за нејзините постапки, јас сфаќам дека мене не ме родила жена, мене ме родила кралица.

Ти благодарам за сè што правиш во мојот живот мајка, а за мене е доволно тоа што само постоиш. Те сакам!

Посветен на нејзината мајка.

поврзани објави

Последни објави