Во текот на овој период сме сведоци на зачестени и нагли промени на температурите на воздухот, нова драстична промена на истите ќе имаме веќе од утре па за време на викендот кога очекуваме пораст на температурите на воздухот дури за 10 до 15 степени и истите за време на претстојниот викенд повторно ќе бидат над просекот што значи ќе бидат рано – летни а времето ќе биде стабилно, суво и сончево повремено со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
За време на викендот максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени и тоа особено во недела.
Ваквите нагли промени на температурите лошо ќе се одразат особено врз метеопатите каде и тоа како се можни појави на здравствени проблеми па токму поради ова ги советуваме и предупредуваме да ги почитуваат советите на своите лекари.
Подготви: Славчо Попоски
Извор: 1ТВ