7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Фејсбук со ригорозни мерки – Новото правило носи голема цена доколку не се почитува

Со усвојување на членот 13 од Директивата, Европскиот парламент воведе „цензура“ на социјалните мрежи.

Овој член треба да обезбеди секоја објава на социјалните мрежи, да не ги руши авторските права, а предизвика голема полемика, бидејќи критичарите тврдат дека ова е обид за гушење на интернетот.

Адвокатот за авторски права Драган Милиќ вели дека овој член не забранува ништо што веќе не е забрането. Непочитувањето на нечии авторски права и дела, без оглед дали станува збор за фотографии или музика, и досега беше забрането на нашите и на меѓународните конвенции.

Милиќ објаснува дека платформите пред објавување мора да вршат проверка, дали со објавувањето на одреден пост или фотографија доаѓа до кршење на нечии авторски права, што многумина го толкуваат дека повеќе нема да може да се ретвитнуваат туѓи твитови.

-Споделувањето музика од Јутјуб, статус на Фејсбук или ретвитнување не се забранети, бидејќи корисникот кој ги објавил во подесувањето подесува дали ќе бидат дозволени. Исто така со споделувањата остануваат видливи податоци за изворот. Меѓутоа, симнување содржина која е заштитено авторско дело и негово повторно поставување на свој профил, носи одговорност – заклучува тој.

„Фејсбук“ воведува построги правила за политичко рекламирање и за Европската унија, со што социјална мрежа се подготвува за изборите за Европски парламент.

Со новите ограничувања ќе бидат запознаени сите рекламни агенции, соопшти компанијата и изрази надеж дека дополнителните проверки на идентитетот и локацијата ќе создадат реална бариера пред секој кој планира да ги искористи рекламите за надворешно мешање во изборите во одредена земја.

Ограничувањата се однесуваат на содржина поврзана со предизборна кампања на политичари или политички партии, како и за политички реклами кои имаат за цел агитирање или одвраќање на луѓето од гласање. Слични мерки беа воведени во последните месеци за изборите во Индонезија и Канада.

Фејсбук веќе воведе услов секој огласувач, кој сака да објави политичка реклама, да биде проверен и да го потврди својот идентитет и локација. Ако не биде одобрен, нема да има право да објави реклама. Овој вид на рекламирање исто така ќе биде обележан, а огласувачот ќе мора да покаже кој е изворот на финансирањето. Овие нови правила првично се воведуваат во САД, а во наредните месеци и во остатокот од светот.

поврзани објави

Последни објави