Човекот тргнал од дома да оди на риболов, а најмалку очекувал дека ќе му се случи ваква драма. Имено, наишол на мало кученце кое се дави.
Го извадил на копното и почнал со масажи на стомакот и градите, но сето тоа било залудно, па морал да смисли начин како да му даде вештачко дишење.
Исекол дел од пластично шише, двата краеви ги замотал со хартија, а потоа нежно го ставил на главата на кучето и му дал еден вид на вештачко дишење. Набрзо кучето успеало да застане на нозе. Долго време се тресело, но неговиот спасувач не го оставил без помош.
Видеото погледнете го овде.