6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Досега невидено: Солзи „извираат“ од плочата на Исус во Ерусалим (Видео)

Видеото од мироточењето на плочата на која било поможено телото на Исус Христос во Ерусалим ги обиколи социјалните мрежи. Честопати сме слушале за мироточење на икона, но, овој пат станува збор за плочата на која било изложено телото на нашиот спасител,

Во религијата, мироточењето е израз кој опишува појава во која црковна икона, фреска, статуа, испушта непозната течност во вид на солзи, па оваа појава свештените лица ширум светот ја опишуваат како божји знак и божје чудо.

Ерусалим има голема улога во христијанството не само поради Стариот Завет, туку и поради животот на Исус Христос.

Во Библијата градот е споменат 632 пати. Според Новиот Завет, Исус бил донесен во Ерусалим веднаш по рaѓањето, а подоцна дошол во храмот каде проповедал.

Сионската горница се верува дека е местото каде била одржана Тајната вечера. Таа се наоѓа на Сионската Планина, на само неколку метри одалеченост од Гpoбот на Давид. Гетсиманската градина е местото каде Исус Христос ја поминал својата последна вечер.

Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со римските војници и со бакнеж на левиот образ го предал Исус на Кајфа. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора. Друго значајно место во христијанството е Голгота или Калварија, местото каде е распнат Исус Христос. Според Евангелието на Јован, овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но археолошките испитувања покажале дека се наоѓа многу блиску до ѕидините на стариот град.

Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гpoб, местото за кое се верува дека е гpoбот на Исус Христос. Градинарскиот гpoб пак се смета за местото каде што бил погpeбан Исус Христос и каде што вocкреснал.

поврзани објави

Последни објави