11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МВР со детали за трагедијата што ја потресе македонската јавност

Министерството за внатрешни работи денес излезе со детали за трагедијата која што се случи синоќа и ја потресе македонската јавност, односно откако произлезе дека актерката Билјана Беличанец не е повеќе со нас.

„Во 22,30 часот,во Полицијата Центар се јавил С.М. кој пријавил дека на улицата „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење“, јавија од МВР.

Лошата вест била потврдена и од страна на Итната медицинска помош на лице место. Извршен е увид, а телото по нареднба на јавен обвинител е предадено на Судска медицина.

Инаку, Билјана беше мајка на две деца, позната е по многу улоги, по Здраво Генијалци со кои многумина пораснаа, по бројни театарски претстави, по својот специфичен глас со кој синхронизираше многу серии.

поврзани објави

Последни објави