Кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски заедно со неговите поддржувачи денеска имаше централен митинг во главниот град Скопје.
На митингот покрај него, свое обраќање имаше и премиерот Заев и ракометарот Наумче Мојсовски.
Она што беше особено интересно на самиот митинг, беше присуството и на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова. Имено, на самото место каде што се одржуваше митингот, имаше банер од ликот на Силјановска Давкова со слоганот: Татковината повикува!
ВИДЕО: Дел од атмосферата на централниот митинг на СДСМ во Скопје
Posted by Pogled.mk on Sunday, April 14, 2019