-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Утре пред изгрејсонце се фарбаат црвени јајца: Зошто токму црвена боја?

Утре е Велики Четврток со што почнуваат Велигденските празници. Рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува! Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини.

Обичајот вели дека првите јајца кои ќе бојадисаме за Велигден треба да се црвени. Но, зошто токму во црвена боја? Имено, се смета дека црвената боја на јајцата ја симболизира крвата на Исус пролеана на крстот каде што бил распнат. Има и неколку легенди за тоа зошто велигденските јајца се црвени.

Една од нив е дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Крвта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено. Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува крст по челата за здравје.

Друга легенда раскажува за Дева Марија, која им давала јајца на војниците кај крстот при распнувањето на Исус Христос. Таа ги молела да бидат помалку насилни кон Исус и притоа плачела. Нејзините солзи паднале врз јајцата и ги обележале со точки во црвени бои.

Постои легенда дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, неговите непријатели го гаѓале со јајца. Но, според Божјата волја, штом тие ќе го допреле неговото тело се претворале во црвени јајца. Во чест на таквото чудо луѓето почнале да ги вапцуваат велигденските јајца црвени.

Една католичка легенда пак, раскажува за Марија Магдалена, која отишла до гробот на Исус носела со себе кошница со јајца, за да руча. Кога пристигнала во гробницата и ги извадила јајцата, нивните бели лушпи, за чудо, биле обоени со боите на виножитото.

поврзани објави

Последни објави