ЈШто се однесува до вашата независност во изборот, вие бевте крунисан во Хилтон хотелот без постапка, а сите што се кандидираа од внатре и надвор беа понижени. Јас бев избрана во демократски амбиент и натпревар. Шефот на вашиот штаб е еден од оние кои на линијата на непотизмот си ги вработи своите. За среќа реагираше антикорупциската комисија. Која е надежта дека ќе се однесувате поинаку, рече Силјановска Давкова во ТВ дуелот на МТВ.
Ако милувате да зборувате за шефови на изборен штаб, тогаш вреди да се спомне шефот на вашиот изборен штаб кој има обвинение за набавка на кинеските автобуси и возврати Пендаровски на Силјановска на нејзиниот коментар за шефот на неговиот штаб.
Ќе барам решенија дома и надвор за да покажам дека е прекршено националното право и меѓународното право при промената на Уставот при промената на уставното име. Ќе бидам претседателка и ќе ги почитувам Уставот и законите додека не се сменат, рече Силјановска Давкова.
Пендаровски пак рече дека нема сомнеж дека при нова власт ќе се обиде да го измени овој договор. Напротив, тој смета дека Договорот од Преспа е историски договор не само за регионот, туку и пошироко.
Овој договор е одличен, ние добивме се што баравме. Нам ни требаше меѓународната верификација за границите во кои сме, со македонски јазик, со кодовите МК и МКД. Подобар договор од ова не беше можен бидејќи ги задолува нашите базични и државни интереси. Не интегрира во НАТО и ЕУ, а географската одредница е само придавка која не позиционира нас како држава таму каде што сме од време.
Фиром не е име, тоа е акроним. Мојата програма вели дека во целиот мандат ќе се борам за демократизација на македонскиот недемократски политички систем со сите инструменти што му стојат на претседателот. Најмалку 12 пати ќе се обраќам во Собранието за да укажам на проблемите на граѓаните. Нема да трошам само мандат за ова, но мене ми е чудна вашата трансформација. Вие до неодамна велевте дека никој нема право да зборува за географска одредница и дека е потребен консензус. Па тоа е невидено, рече Силјановска.