4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бразил е како бојно поле: полицијата штрајкува, бандите покажуваат моќ

Околу 30 градови во Бразил се во вистински хаос, откако полицијата штрајкува, одбива да ги следи наредбите и да ги слуша законите, односно да ги заштитува граѓаните.

Како што пренесува „Дејли Мејл“ во последните три денови, убиствата се зголемиле за неверојатни 650%. Веќе се убиени повеќе од 50 луѓе, додека бандите дивеат на улиците, палејќи автобуси и ограбуваат продавници.

Најголемиот број од насилствата се во државата Есприто Санто каде властите поради хаотичната ситуација биле принудени да ги затворат училиштата и болниците. Таму веќе се убиени повеќе од 17 луѓе.

поврзани објави

Последни објави