Бугарскиот премиер Бојко Борисов преку својот препознатлив стил секогаш успева да предизвика внимание во јавноста.
Овој пат Борисов објави видео на својот официјален фејсбук профил каде што вози џип и притоа застанува на улица, на која го пречекуваат трубачи.
🙂
Posted by Boyko Borissov on Sunday, June 2, 2019
Ова не е прв пат бугарскиот премиер сам да управува со автомобил. Напротив, Борисов често практикува да се вози сам, без притоа да користи придружба односно свој личен шофер. Така беше и при последната посета на Ципрас на соседна Република Бугарија, каде што Борисов му беше „личен шофер“ на грчкиот премиер.