6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Меркел зборуваше за политичката храброст на Зоран Заев

Германската канцеларка Ангела Меркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но потенцира дека регионот има европска перспектива. Во својот видео поткаст, објавен денеска по повод претстојниот Самит за Западен Балкан, кој во рамките на Берлинскиот процес ќе биде одржан в петок, во полскиот град Познањ, Меркел истакна дека земјите од овој регион треба уште многу пречки да надминат и многу услови да исполнат. – Патот и натаму е полн со камења, рече Меркел.

Но таа потенцираше дека во регионот постојат позитивни примери на дијалог, посебно потенцирајќи го решавањето на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името.

– Со политичка храброст, премиерите на Северна Македонија Зоран Заев и на Грција Алексис Ципрас успеаја да го решат тој конфликт. Ваквиот позитивен пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, како меѓу Србија и Косово, истакна германската канцеларка.

Во Познањ на 5 јули ќе биде одржана конференција за западен Балкан, на која ќе учествува и Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу земјите од регионот.

поврзани објави

Последни објави