Денеска е упасен Бојан Јовановски, познат како Боки 13 сопственик на 1ТВ, дознава Фактор. Уапсен е поради сомневање за рекет, а полицијата го привела на граница.
Приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец.
Тој е уапсен во еден скопски ресторан. Во меѓувреме, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева си поднесе неотповиклива оставка во СЈО. Јанева рече дека оставката ќе биде активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.