14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Нов изум на Google: Преку анализа на фотографија ви пресметува колку калории има во чинијата!

Наместо рачно вметнување на податоците во поединечните апликации, како би добиле податок за калориската вредност на одреден оброк, “Im2Calories” ја проценува оваа бројка врз основа на фотографија од самото јадење.

На собирот Rework Deep Learning Summit одржан во Бостон, истражувачот на Google, Кевин Марфи открил интересен нов проект којшто користи софистицирани алгоритми за анализирање на фотографии од храна како би било проценето колку калории се наоѓаат во една чинија.
Името на проектот е “Im2Calories”, а целта е да се поедностави процесот на пресметување на калориите и со тоа да се поедностави и планирањето на оброците.

А за да биде проценета калориската вредност од поединечно јадење, тој ги брои неговите елементи, како на пример – 3 парчиња крцкава сланина, 2 пржени јајца и сите евентуални сосови, а нивната големина се добива споредувајќи ги парчињата од поединечните намирници со големината на чинијата како и останатите објекти коишто се наоѓаат на фотографијата.

“Im2Calories” не бара фотографии со висока резолуција, туку може да ги “чита” и оние коишто се објавуваат на друштвената мрежа Instagram.

Во текот на презентацијата, Кевин Марфи признал дека програмот може да се корегира преку опаѓачко мени, на пример, ако истиот го замени прженото јајце со поширано, или ако нешто е во потполност погрешно вчитано.

Во оваа фаза, “Im2Calories” греши при пресметките на калориската вредност за околу 20 отсто, но е дизајниран такашто се подобрува со текот на употребата. Google неодамна побарал и патент за оваа револуционерна технологија, а сè уште не е познато кога сето ова ќе ѝ биде достапно и на пошироката јавност.

поврзани објави

Последни објави