Три ЕКГ апарати, апарати за притисок, апарати за инхалација – ова е само дел од медицинската опрема која ја купил докторот во Здравствениот центар во Параќин и тоа со пари кои ги заработил од собирање пластични шишиња.
Доктор Иван Божиновиќ (42) работи во службата за итна медицинска помош во Параќин и од 2013-та година собира рециклирачки материјал, го продава на фирмите кои го обработуваат и сите средства кои ги заработува ги користи за да купи апарати и материјали за здравствената установа во која работи. Секако, тој во оваа хумана акција не е сам – активно учествуваат и илјада негови соработници.
„Последната сума со која купивме три ЕКГ апарати, апарати за инхалација, апарати за притисок и друго, изнесуваше 6 илјади евра и ја собиравме околу една година“ – изјавил докторот.