Голем број познати лица го следеа вчерашното финале Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, а меѓу нив беше и најбогатиот човек на светот Џеф Безос со партнерката Лорен Санчез.
Кога се појавил основачот на Амазон, вниманието целосно се свртело кон него.
Неговиот развод од Мекензи со која беше децении во брак и со која ја изгради половина империја, е еден од најбурните разводи на познатите. Можеби и поради фактот дека Безос е тежок 160 милијарди долари поради завршувањето на бракот остана без 37 милијарди долари, колку што ѝ припаднаа на поранешната сопруга.
Сето тоа се случило поради Лорен Санчез која се потрудила вчера сите на Вимблдон да го забележат нејзиниот стајлинг.
Безос покрај неа седеше во кралската ложа.