6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мицкоски открива со која цел би требало да се формира новото обвинителство – дали е можна ваква варијанта?

Власта сака компромитираното СЈО да го замени со исто такво, за да ги амнестира криминалите на октоподот Зоран Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска. Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда вели лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република’. Тој зборува за случајот „Рекет“ и низата нејаснотии кои се отвораат – зошто нема обвинение против специјалната обвинителка Катица Јанева, зошто Заев е нем за Кики и Фрики. Ви го пренесуваме интервјуто интегрално;

Премиерот Зоран Заев одлучи да поднесе предлог на закон за организирање на Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, Вие сте против таквиот закон, кои се причините? Очекувате ли доближување на ставовите?

Мицкоски: Предлогот на власта не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување на обвинителство кое ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод. Откако увиде премиерот дека ова постојно СЈО е компромитирано пред сé поради политичките влијанија кои тој и неговите луѓе ги вршат врз тоа обвинителство, дополнително притиснато од коруптивниот скандал во кој учествува првиот човек Јанева, тој практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да не се даде нов живот на тоа СЈО, туку да се формира ново обвинителство во рамките на постојното Јавно Обвинителство кое ќе се занимава со гонење на висока корупција и криминал. Но проблемот настанува кога Зоран Заев сака на сила да протурка решение кои би било ново СЈО затоа што тоа исто обвинителство би го воделе компромитирани кадри, па дури истите од ова постојното СЈО, со задача да му помогне на Заев да остане на власт, исто како што му помогна да дојде. И што би се случило хипотетички, би се продолжил случајот Талир кој е случај против ВМРО-ДПМНЕ и кој е исклучиво политички конструиран, а позади тоа би се амнестирале вистинските криминали на власта. Едноставно Владата покажува дека не е за сериозна пресметка со корупцијата и се става во улога да штити корупција. Тие трета година ја имаат одговорноста да ја водат државата, а зад себе немаат ниту една правна разрешница на некој криминален скандал. Ние не може да си дозволиме едно урнисано СЈО да го замениме со друго, како и да се вика новото, но тоа да биде еднакво неквалитетно, непрофесионално и корумпирано како постојново.

Рускоска е предлогот на Заев за нов јавен обвинител на тој нов оддел. За Вас ова не е прифатливо. Зошто?

Мицкоски: Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска. Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда. По овој терк фали уште Кацарска да стане врховен судија или претседател на Апелација, па Зоран Заев комплетно да го деградира судството за да може слободно да се додаде префиксот СДСМ во имињата на овие институции. Зоран Заев како што ја фалеше Катица Јанева сега ја фали Вилма Рускоска, и да ви кажам тоа треба да не загрижи, зашто првава е дел од афера тешка неколку милиони евра, а вторава, како демек има улога да ја расветли, ама никако да стигне до Јанева, нејзините соработници од врхушката на власт, па дури и првиот човек на власта. Ви се молам, ова се сериозни работи, и сметам дека никако не може вака една одговорна функција да се препушти на такви кадри.

Очекувате ли да собере Заев 2/3 мнозинство во Собранието за поддршка на законот?

Мицкоски: Зоран Заев треба да разбере дека не е повеќе фактор кој може да наметнува услови и диктира темпо. Ако мисли дека може без главната опозициска парламентарна партија да носи вакви крупни закони, тогаш се лаже, а се лаже ако мисли дека повторно со притисоци и закани може да собира гласови на пратеници, зашто веќе земјава му го изгуби стравот на Заев, а неговите денови во политиката се броени. Логиката говори дека дури и ова СЈО беше изгласано во парламентот со консезуална поддршка на сите партии, и за тоа време кога се носеше тој закон Заев велеше дека е најлошо до тогаш, па прашањето е какво е ова време кога самиот Заев во улога на премиер си турка лични решенија за обвинителство без опозиција, и зошто воопшто го губеше времето со работните групи со кои ја замајуваше домашната и европската јавност?Одговорот е дека живееме 100 пати полошо од сите претходни времиња и криминалниот октопод е силно навлезен во сите пори на општеството.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

поврзани објави

Последни објави