Многумина не знаат ама ако оставите пластично шише со вода во кола која е изложена на жешкото сонце може да предизвика пожар.
За некои може да звучи чудно дека баш вода може да доведе до пожар но проблемот е во тркалезната форма на шишето која во комбинација со водата делува како лупа. Во летните и жешки денови зраците може да допрат до шишето низ прозорите на автомобилот, па водата во шишето ја концентрира светлината и толината на одредено ниво. Поради тоа може да дојде до стварање на пламен, па ако шишето е во близина на некоја запалива ткаенина лесно може да избие пожар.
Па затоа пластичните шишиња секогаш тргајте ги од дирекна изложеност на сонце, најдобро да ги оставите под седиште или во гепек каде воопшто не допира сонце.








