Денеска во манастирот Св. Марена, во близина на селото Туминец во Мала Преспа, Албанија, традиционално се одбележа големиот христијански празник Св. Марена, или кај народот познат како Света Огнена Марина (Марија), пренесува порталот „Маркукуле“.
Голем број Македонци од околните населени места, но и од Македонија, како и иселеници во странство, денеска беа присутни во манастирот и заедно заиграа македонско оро и запеаа македонска песна.
Една прекрасна атмосфера која ја сподели „Маркукуле“ можете да ја видите и слушнете во продолжение, а целиот текст и двете видеа од песните на следниот линк ОВДЕ (Маркукуле.мк)








