14.8 C
Skopje
петок, ноември 14, 2025

За домаќинките: Како најлесно се чисти шпоретот и работната површина од масни наслаги

Масните наслаги на работните површини односно на местата кај што се готви во кујната често знаат да претставуваат проблем за секоја домаќинка. Секоја од домаќинките за решение го зема некој од понудените средства кои се продаваат по локалните продавници или маркети, но истите најчесто завршуваат без никаков ефект, а го оштетуваат џебот на домаќинот.

Некои од нив, освен што нема да ги отстранат маснотиите, можат и да ги оштетат работните површини.

Еден од најпроблематичните кујнски апарати за чистење е шпоретот. Тој изобилува со нерамни површини од кои е навистина тешко да се отстранат маснотиите.

Освен визиулниот ефект, чистењето на шпоретот е многу важно и од здравствен аспект, бидејќи, загорените и замастените површини се одлична “почва” за развој на многу патогени бактерии кои можат да ја заразат храната која следниот пат ќе се подготвува.

Рецептот за домашен отстранувач на маснотии кој ќе ви го понудиме е апсолутно безбеден, а се приготвува за само неколку секунди. Рецептот е многу едноставен.

Бидејќи, се’ што е генијално, всушност е многу едноставно и достапно, а работните површини ќе бидат повторно беспрекорно чисти!

Потребни состојки и подготовка: 1 лажица вински оцет, една лажица сода бикарбона, топчиња вата (поголеми), стара четкичка за заби. Подготовката е едноставна: Оцетот и сода бикарбоната промешајте ги, а потоа со ватата нанесете на валканите површини.

Оставете неколку минути, а потоа со четкичката која исто така сте ја навлажниле со растворот истријте ги површините. На крајот, пребришете со сува памучна крпа.

Напомнеа: Пред да ја започнете постапката, одберете една мала површина на шпоретот и нанесете од смесата само на тоа место, за да проверите како ќе реагира материјалот од вашиот шпорет. Исто така, бидејќи работите со алкохол, бидете сигурни дека вашите рингли се исклучени.

поврзани објави

Последни објави