7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Погледнете како денес изгледа седумката чии родители пред 20 години не ги послушаа лекарите (ВИДЕО)

Лекарите биле сигурни дека во случајот со Боби Мекагли нема да се случи никакво чудо. Тврделе дека е преризично да се роди седумка, а како што тогаш рекле, шансите се да биде во ред, односно сите седум дечиња да преживеат се помали отколку да метеор да удри во земјата.

Тоа на 27-годишниот татко Кен и 29-годишната мајка Боби секако не звучело добро. Во тој момент веќе имале едно дете, но сакале барем уште едно дете. Не очекувале дека ќе добијат многу повеќе дечиња. Кен не можел да верува кога слушнал од сопругата дека на ултразвукот покажало дека носи 7 бебиња. Од тој момент се се променило.

Ниту лекарите не знаеле како да регираат на тоа. Во тој момент, таков случај воопшто не бил виден и значело нешто ново. Трудницата била советувана да се откаже барем од еден фетус, за поголеми шанси за преживување да имаат останатите. Боби била против тоа, одлучила да ги задржи сите свои идни дечиња. Тоа било добра одлука.

На 21 октомври 1997. година Боби родила седум дечиња и се чувствувала возбудено откако се „решила“ од големиот стомак. Во породувањето учество земале 40 стручњаци. Бебињата се родени 9 недели пред редовниот термин, но сите преживеале. Четири машки и три девојчиња. Боби имала царски рез, а децата во болница останале уште 2 месеци.

Не е лесно да се има толку деца. Секој ден биле потребни 42 шишенца и 52 пелени. Две од бебињата се родени со церебрална парализа, но во меѓувреме со операции успеале да одат без помош од другите.

На семејството во првите неколку години им помагале голем број на волонтери, но подоцна животот барем за нијанса бил поедноставен за мајка Боби. Девојќите започнале да помагаат во кујната, а синовите се вклучиле во другите секојдневни обврски. Децата не биле разгалени, туку одговорни.

Кен и Боби подоцна се преселиле во мал стан, а куќата со 7 соби ја донирале на организација која се грижела за малади мајки.

поврзани објави

Последни објави