fbpx
22.8 C
Skopje

Брусалица за кираџиите

АКТУЕЛНО

Ја исполнивме и последната домашна задача од НАТО пакетот. Со брусалиците удривме по Кутлешот како дел од обврските од Преспанскиот договор каде дефакто се потврди губењето на нашиот суверенитет. Кога во сопствената земја исполнуваме желби и лечиме хирови на наши соседи , тоа е еклатантен пример за нарушен суверенитет. Идентитетот не им го давам па што год потпишале. Си го носам у себе и ТАЧКА!!!!!

Македонците во сопствената земја станаа кираџии. Единствена група на луѓе без право на национални симболи во оваа земја . Грбот ни остана оној комунистичкиот, знамето е граѓански симбол кој нема допирна точка со националната идентификација на Македонците. Околу спроведувањето на законите, и нивното доследно применување онаму каде што линијата на отпор е најтенка.

Нема ризик да се удри со брусалицата по Кутлешот. Ризично е да се сруши платформата дивоградба на Матка или дивоградбата на коалиционите ортаци во Охрид. За Орлето у Чаир одамна никој не е надлежен. Решението за рушење стои, уште да се договорат институциите кој е надлежен. Шупливо и класика фашистичко толкување и спроведување на законите пропорционално на линијата на отпор. Не дека имам нешто против симболите на Албанците, Турците, Србите, и дека Кутлешот ми е посебно нешто драг. Ама за инает ќе напраите да ми стана драг! Затоа што силувањето на една целна група создава контра ефект. Јас не сум од оние 400-500 000 луѓе во државата што се поистоветуваат со Кутлешот, но ја почитувам нивната желба да го сакаат и глорифицораат. Исто како што за мене над се е Црвено-црната двобојка!

Патот кон НАТО го тргнавме со најлонски гаќи и отвори на задниците. Во случај некој уз пат да посака да не онади, да не мора да се соблекуваме.

Фото

Ги прашувам нашите политичари, што добија за возврат од амнестираните УЧКИ, законите за јазици, законите за знамиња? Издејствувавте Лавот барем да стане национален грб на земјава? Двобојката Црвено-Црна? Секако не. Во глумењето на лажен граѓански концепт, ние Македонците станавме граѓаноиди, а сите други нации. Ние сме луѓе кои треба да се пикаат по автобусите за партиските митинзи кои ќе молчат ко ќе улетаат оние со Брусалицата. Оние опајдари од СЈО ни ја убија вербата во правната држава а оние со Брусалицата дека воопшто имаме држава. Официјално, од денес, или од вчера, завчера, ние сме кираџии и повеќе за ништо немаме право да одлучиме во оваа ,наша” татковина…..На здравје браќа…..

Кристијан Кико Мицкоски – Институтот „Христо Узунов“ – партнер на Конзерватив МК. Промоција на конзерватизам, национализам и десничарски популизам.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -