За многумина во Скопје добро познатиот бербер Фуфо од Драчево, чекаше само еден гол на Манчестер јунајтед на синоќешното гостување против Вулверхемптон во 2. коло од Премиерлигата за да си добие 11.000 евра, објави ЕКИПА.
И се отвори шанса во 68. минута кога „црвените ѓаволи“ добија пенал…
Но, истиот не успеа да го реализира францускиот репрезентативец Пол Погба. Е, сето тоа значеше огромна лутина кај бербер Фуфо кој успеа да го скрши и телевизорот во обложувалницата каде со пријателите го очекуваше толку посакуваниот погодок на Манчестер јунајтед. Во секој случај, ќе го памети Фуфо пеналот на Погба…
Сторијата и видеото за тоа како изгледа кога ќе се налути Македонец, ги пренесува порталот ЕКИПА