Катица Јанева оди во притвор. Од вечерва па во следните 30 дена таа ќе се наоѓа во истражниот затвор во Шутка. Јанева доби притвор како третоосомничена во случајот „Рекет”.
Пред неа притвор за овој случај добија Боки 13 и Зоки Кичеец.
Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.
Во меѓувреме за медиумите изјава даде обвинителката Вилма Рускоска која рече дека Јанева не била повикана како сведок во ОЈО, туку како лице од кое биле побарани податоци за случајот. Истовремено, обвинителката рече дека нема да дозволи од случајот да се направи Ријалити Шоу и да да дава изјави кои би можеле да и наштетат на истрагата односно истакна дека дел од прашањата на новинарите навлегуваат длабоко во истрагата по што не сакаше да даде одговор.