Специјалната обвинителка Катица Јанева не е сместена во хашкото одделение во затворот Шутка за да нема контакт со другите осомничени лица од случајот „Рекет“, пренесува Плусинфо.
Управата на затворот појаснува дека тоа е стандардна процедура и дека Јанв денеска била и на здравствен прегед.
Таа вчера доби притвор во трење од 30 дена за случајот „Рекет“ поради злоупотреба на службена положба.
Повеќе: Вечер ќе заседава Централниот одбор на СДСМ
Централниот одбор на СДСМ ќе заседава вечерва, информираат денеска од партијата. Како што е соопштено, седницата е редовна, а по неа за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе биде дадена изјава.
Нема информација кои се точките на дневен ред, но се претпоставува дека ќе се дискутираат и актуелните случвања до аферата „Рекет“.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ ќе почне во 18 часот.