fbpx
15.8 C
Skopje

ГДУ до Константин Георгиевски: Обелете си го образот разрешувајќи ја директорката на ЈП „Билјанини Извори“

АКТУЕЛНО

Измина една недела од нашето барање и очекување дека директорката на ЈП Билјанини извори од Охрид ќе си поднесе оставка. Таа го прекрши изборниот законик и нанесе огромна штета на својот вработен кој го избркала од работа. На површина излегоа информации кои и самата ги потврди, но ги окарактеризира како пријателски.

Каков е тој „пријателски“ пристап кога директорката на ден на избори ќе му се обрати на својот вработен со укажување дека има информации дека неговата сопруга не излегла на гласање. Каков е тој пријателски пристап кога му вели на вработениот дека секој глас е битен?

Зарем ваквиот чекор е за оправдување? Се надевавме дека градоначалникот Константин Георгиевски ќе го осуди овој настан, а институциите ќе си ја завршат својата обврска. Го повикуваме градоначалникот да ја отстрани директорката од раководната позиција и со тоа да си го обели образот. Во спротивно, ќе се укаже дека и тој има удел во овие притисоци за време на изборите. За крај, ова ли е лицето на СДСМ кое ќе донесеше на граѓаните ЖИВОТ?

Директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска, да одговара за стореното дело!

На површина излегоа информациите за дејствието на директорката на ЈП „Билјанини Извори“ на денот на изборите, но не само информации туку и издржани факти, кои впрочем и самата ги потврди и ги окарактеризира како „пријателски“, иако е свесна дека не постои пријателски однос кога директорка бара од својот вработен да ја наведе својата сопруга да гласа. Дополнително, директорката, истиот човек го избркала од работа, знаејќи ја неговата состојба и оставајќи го неговото семејство без егзистенција. Зарем е за оправдување ваквиот чекор?

Posted by Граѓанско Демократска Унија ГДУ – Охрид on Saturday, August 24, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -