fbpx
6.8 C
Skopje

Заев најави тужба за новинарот на Инфомакс: Доколку правите манипулации, ќе сносите одговорност

АКТУЕЛНО

Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност.

Ги повкувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже. Рускоска да кажe дали се точни наодите или не, дали тоа е лага или не. Но, во секој случај, јас како граѓанин ќе го тужам новинарот кој тоа го направил, рече денеска премиерот Заев.

Алсат телевизија излезе со најнови информации кои ги добиле според нивни извори од ЈО, во кои како што се вели, дел од објавеното во одредени медиуми го нема во сведочето на Камчев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -