Случајот „Рекет“ се уште е топ тема во македонските, но и балканските медиуми. Засега постојат тројца осомничени, а меѓу нив и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Лицето кое требаше да ја донесе правдата во државата, заврши зад решетки. Адвокатот на Јанева рече дека таа е жртва во „Рекет“, додека нејзините колеги од ОЈО рекоа дека поседуваат докази за нејзината инволвираност.
Додека истрагата се уште трае и се бараат и дополнителни докази, бугарските медиуми пренесуваат дека бизнисменот Орце Камчев кој е рекетиран во случајот, ужива во соседна Република Бугарија.
На 15 август новинар од ТВ24 го сретнал Камчев во хотелот „Пирин Голф“ во Банско, во друштво на уште еден Македонец, двајца Бугари, во придружба со уште две жени, информира ТВ24.
Во меѓувреме неколку медиуми во Македонија тврдат дека го објавиле исказот на Камчев во ОЈО, што придонесе за закани со тужби кон нивните новинари од страна на премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Фросина Ременски, но и првиот човек на МНР Никола Димитров.
Барам веднаш “Република” да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот “Рекет” и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре. Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам. Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска.
Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно – луѓе подготвени до последно да се борат за правда. Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги.
Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков – да се преброиме. Време е.