11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Свети Трифун е мачен поради следбеништвото на Христос, а сите мачења ги поднел со голема радост!

Денес е големиот христијански празник -Светиот маченик Трифун.

Св Трифун е роден е во малоазиската област Фригија во Мала Азија. Тој уште од рано детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. На изненадување на своите современици имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед.

Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста таа многу пати сакала да се фрли во оган или вода. Ниеден лекар не можел да и помогне и да ја излечи. На девојката и е откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“. Злобниот дух од девојката тогаш проговорил велејќи дека него никој не може да го истера-освен Трифун.

После многу Трифуни од царството и овој Трифун го повикале во Рим да ја исцели царевата ќерка.

Царот го дарувал многукратно, а Трифун сите подароци им ги разделил на сиромашните.

Кога на власт дошол царок Дециј, Свети Трифун е мачен поради следбеништвото на Христос, а сите мачења ги поднел со голема радост.

Бидејќи ниедна мака не му нашкодила, мачителите му ја отсекле главата со меч.

Пред смртта Трифун му се помолил на Бога и умрел во 250 година.

Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот посветен на Светиот маченик Трифун. Православната Црква го слави како исцелител, кој се удостоил на маченичкиот венец.

Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари. Денеска неговиот ден се празнува од страна на лозарите, градинарите на 14 февруари според грегоријанскиот календар.

На овој ден лозарите приредуваат и ручек и ги повикуваат и случајните минувачи , бидејќи се смета дека на домаќинот и целата куќа тоа ќе му донесе среќа.

поврзани објави

Последни објави